Резервирајте на тел:
  Ексклузивни партнери:
Што нудиме

ATKids – Аmazing Tennis Kids е клубска детска програма која е дел од АТК проектот, наменета за најмалите деца од 4-10 годишна возраст и претставува вовед во најрана и почетна фаза во тенисот, со нов формат на претставување, учење и доближување на тенисот до самите деца и родители.

ATKids – Аmazing Tennis Kids е клубска програма до 10 годишна возраст што претставува рана фаза во тенисот каде што децата преку дружење, игра и забава се привлекуваат во тениската игра. Со тоа на најбрз начин ги совладуваат сите потребни елементи кои се потребни за еден тенисер како на пример социјализацијата, одговорноста, точноста, агилноста, координацијата, моторните способности и се разбира основните техники на движења како и сите удари во тенисот, применето со помош на тактика при игра на поени.

ATKids – Аmazing Tennis Kids, клубската детска програма е базирана на најновите научни сознанија во областа на тенисот како спорт, педагогија и начин на спроведување на самата програма (наставен час). Ова подразбира правилна едукација до клучната 10 годишна возраст на детето со правилен тренажно-падагошки одржан час по тенис.

ATKids – Аmazing Tennis Kids, се состои од четири степени (категории) на развој на децата во АТКids почнувајќи од 4 год. до 10 год. Во сите нивоа се користи специјализирана опрема по мерка на децата во зависност од степенот (посебни тениски рекети, специјални димензионирани тениски терени и посебен вид топчиња (Dunlop опрема) со тоа што децата ја чуствуваат играта уште од најмалата возраст, лесно ја совладуваат и со еден збор целосно уживаат.

Зошто АТКидс :
Во денешниот свет е воведен нов начин на образование, образование преку спортот. Преку спортот, базирана цел е градење на целосна, ментално, едукативно-воспитно, целосно здрава личност. Децата во денешниот модерен свет се заложници на еден затворен систем, систем на пасивно долго седење пред компјутер, плејстејшн, телевизија, кој ги прави недоволно физички активни, опкружени со нездравиот начин на исхрана. Оттука се роди идејата за АТКидс – Аmazing Tennis Kids од Академија Тенис Крстевски проектот, кој е подржана од ITF - Play + Stay.

Цел за АТКидс :
Целта ни е водич и инспиратор при работата. Основната цел на АТКидс лежи во омасовување на спортот во Република Македонија, со посебно внимание на детскиот тенис преку задржување на децата во тенискиот свет. Целта при целиот процес од 4-10 години е:

АТКids – Аmazing Tennis Kids е сегментирана во четири степени на развој на децата од 4-10 годишна возраст:

горе

АТК за потребите на своите ценети клиенти нуди услуга од типот на индивидуален и полуиндивидуален час без оглед на возраста. Во зависностод бројот на клиентите што се обучуваат од еден тренер на АТК се однесува:

           

АТК на ценетите клиенти врши продажба на тениски термини наменети исклучиво за самостојно користење од страна на клиентите. Цената за користењето на тениските термини се разликува во зависност од периодот од годината во кој се наоѓаме како и во зависност од периодот во денот. Постојат два периода во годината:

Во зимскиот период (01.11-31.04) доколку се има можност да се користат додатно тениските терени (надвор од тениските балони), истите се предмет на продажба по договорена цена со директорот на АТК.

Tерен 1:
       
Tерен 2:
       
Tерен 3:
       
Tерен 4:
       

Под АТК спаринг се подразбира услуга која што ја нудиме на нашите клиенти без разлика на возраста и вклучува обезбедување наша конекција со друг клиент со приближно тениско познавање кои ќе тренираат меѓусебно за меѓусебен напредок во тениската игра.

горе

АТК за потребите на своите ценети клиенти има обезбедено електрична шпанарица и лице шпанер кој служи за правилно и навремено сервисирање на тениските рекети. Сервисирањето (шпанувањето) на рекетите се врши во најбрз можен рок. Цените за шпанувањето на рекетите се различни во зависност од квалитетот на жицата (шпанот) што ќе се монтира на рекетот.


АТК нуди стручна експертиза и продажба на сите видови на тениска опрема на едни од најдобрите тениски брендови: Dunlop и Slazenger.

Поради комплексноста за изборот на правилна тениска опрема пожелно е да се консултира стручниот тим на АТК.

         
         
         
       

За кондициониот тренинг во АТК се прави програма која за секој натпреварувач е различна и е одредена во зависност од потребите на натпреварувачот како и целите што сакаат да се постигнат. Програмата се изработува со меѓусебен договор помеѓу главниот тренер на АТК, Дејан Крстевски и кондициониот тренер Владимир Вуксановиќ кој воедно е и магистар и работи како асистент на Факултетот за физичка култура (ФФК) во Скопје.


         

Видео:


АТК врши едукација на тениски тренери исклучиво за сопствените потреби на академијата како и подготовка на потенцијалните тениски тренери за курсевите за тениски тренери организирани од Македонската тениска федерација (МТФ). Едукацијата ја врши директорот на АТК Дејан Крстевски лиценциран ITF, PTR и МТФ тениски тренер.


           

АТК врши едукација на тениски судии исклучиво за сопствените потреби на академијата како и подготовка на потенцијалните тениски судии за курсевите за тениски судии организирани од Македонската тениска федерација (МТФ). Едукацијата ја врши директорот на АТК Дејан Крстевски лиценциран ITF White Badge меѓународен тениски судија.


           

горе