Резервирајте на тел:
  Ексклузивни партнери:
ПОРТОКАЛОВ миди тенис

ПОРТОКАЛОВИОТ МИДИ ТЕНИС, е трет степен на развој од АТКидс и е наменет за децата кои:

  • продолжуваат од црвениот мини тенис.
  • децата со претходно тениско знаење во 8-9 тата год. возраст.
Во зависност од желбата на детето и родителот портокаловиот миди тенис ви нуди две програми на тренажен процес:
  • BASIC ORANGE
  • WINNER ORANGE

New Ribbon
Slide 1 Slide 2 Slide 3
Basic Orange:

Teрмини: Понеделник - Недела

Времетраење и неделен фонд на часови: 2 пати неделно по 60 мин/час.

Број на деца во група: 4-6 деца на тренер

Basic Orange програмот го користат децата кои имаат амбиции за учење на основите на тенисот односно желба исклучиво за рекреација.

Winner Orange:

Teрмини: Понеделник - Недела

Времетраење и неделен фонд на часови: 3 пати неделно по 60 мин/час.

Број на деца во група: 4-5 деца на тренер

Winner Orange програмот го користат напредни деца и желни за високи спортски резултати.

Тениски терен:
Портокаловите терени се стандардизирани од страната на ITF со следните димензии:
  • Должина: 18 м.
  • Ширина: 6,5 - 8,23 м.
  • Висина на мрежа: 0,80 - 0,91 м.
Тениски ракети:
  • Портокаловите Dunlop рекети се стандардизирани од страната на ITF со должина од 58-63 см. во зависност индивидувално од дете до дете.
  • Правилен избор на рекет може да изврши исклучиво тренерот на АТК, каде со негова стручна оценка зависно од големината, возраста и способноста за играта ќе се одбере тениски рекет идеално за детето во овој домен на големина.
Топки:

Портокаловите Dunlop топки се стандардизирани од страната на ITF и се помеки, поспори, со 50% послаб притисок од нормалните топки овозможувајќи подобра контрола и намалување на ризикот од повреди.

Oпрема:

Специјализирани портокалови Dunlop тениски реквизити.

портокалови миди турнири:

Децата од портокаловиот миди тенис се вклучени во АТКидс интерните портокалови миди турнири (1 летен и 1 зимски) како и на националните и регионалните портокалови миди турнири.


         


Играј тенис и почуствувај ја победата