Резервирајте на тел:
  Ексклузивни партнери:
За АТК

Добредојдовте во светот на идеи, креативни спортисти, остварени амбиции...
Добредојдовте во светот на Академија Тенис Крстевски (АТК), лидер на тениската игра во Република Македонија.
Сега и Вие сте корисници на истите услуги што ги користат нашите успешни и врвни натпреварувачи кои гордо ја претставуваат Република Македонија на националните и меѓународните натпревари.
Се со единствена цел, да направиме едно заедничко прекрасно тениско дружење.

АТК е еден од најдобрите тениски субјекти во Република Македонија. Моментално повеќе од 150 деца спортисти ја препознаваат нашата исклучително квалитетна услуга.
Со нашата мисија да сме број 1 во државата ние неуморно и беспрекорно работиме за Вашиот успех во тенисот.
Поради тоа, ние сме во постојан контакт со иновациите и новитетите во тенисот како наука и со тој сооднос нудиме исклучително широк спектар на креативни услуги.
Нашите клиенти можат да се потпрат на нашите 3 клучни вредности: инспирација, квалитет и долгорочност.

  • Инспирација - АТК преку своите идеи, амбиции и желби влијае позитивно врз целовкупниот развој на тенисот во државата и пошироко.
  • Квалитет - АТК е тениски бренд на квалитет докажувајќи го со многубројните успеси како на национален така и на меѓународен план.
  • Долгорочност - АТК преку своите инвестиции во тенисот гледа на иднината како една светла цел.


Академија Тенис Крстевски (АТК) претставува долгорочен проект, желба и огромна амбиција.

Таа долгорочна амбиција е целосно покрената од Дејан Крстевски, кој како голем љубител на тенисот, имаше за цел на тенисот да му даде поголемо внимание, вредност и развој.

Дејан Крстевски почнал да се занимава со тенис од сопствената 9 годишна возраст. Уште од првиот момент љубовта кон тенисот почнал да ја чуствува силно што резултирало со желба за поголем ангажман за тренирање, се со цел да има што поголеми резултати на натпреварувачко ниво. Тој има големо искуство со многубројни изиграни турнири во сите категории како и постигнати резултати меѓу најдобрите четири играчи во земјата.

Неговите почетоци во тренерските води се на 21 годишна возраст во Тенискиот клуб МТП кој поради одличните резултати како тениски тренер што ги постигна на турнирите со играчите со кои работеше, од клубот му беа доделени да ги работи најдобрите натпреварувачките групи. После 2 години, Тенискиот клуб АБЦ беше заинтересиран за стручните услуги на Дејан и од 2003 год. Дејан одлучи да работи таму, најпрвин како тениски тренер а после краток временски период да биде назначен како спортски директор. Неговите обврски кон Тенискиот клуб АБЦ беа:

Тој е заслужен за многубројните државни шампиони во Р.М. позади кои тој долги години работеше, креирајќи им ја нивната програма како на терен така и надвор од тенискиот терен.

На 01.05. 2009 год. Дејан Крстевски одлучи да отвори сопствена тениска академија. Дејан како инвеститор и директор одлучи академијата да се вика Академија Тенис Крстевски (АТК). Академијата по претходен меѓусебен договор со АБЦ ги закупи сите 4 (четири) тениски терена и 2 (два) тениски балона од комплексот АБЦ.

По утврдувањето на комисијата од Агенцијата за млади и спорт и издавањето на одобрение за работа, АТК започна да работи.

Дејан Крстевски е сертифициран тениски тренер со редовни refresher семинари што ги посетувал и ги посетува. Дел од многубројните се учеството на Европскиот симпозиум на ITF (International Tennis Federation) за тренери во Столкхолм како и Светскиот семинар на PTR (Professional Tennis Registry) за тренери на островот Hilton Head, South Caroline, USA.

Дејан Крстевски е:

Дејан Крстевски во целокупниот временски период посветуваше доста време и на науката, почнувајќи од средното економско училиште Васил Антевски-Дрен (насока економска), продолжувајќи на Економскиот Факултет во Скопје (насока сметководство и ревизија) на универзитетот св. Кирил и Методиј, завршувајќи со висок академски просек магистерски студии на англиски јазик на универзитетот Американ Колеџ (насока менаџмент) со тезата "Change Management in financial sector in R.M". Во моментот Дејан e докторант на докторските студии на Економскиот факултет во Скопје (насока менаџмент). Дејан заедно со проф. д-р. Сашо Манасов се автори на две научни книги кои ќе бидат користени како предмети на факултет од страна на студентите.

       

Дејан Крстевски е национален тениски судија уште од далечната 1996 год. положувајќи го тогашниот курс за тениски судии од Ниво 1. Тој учествуваше како линиски , главен судија и како делегат на МТФ на многу национални и интернационални настани што се случуваа во земјата. Во 2002 год. Дејан се стекна со престижната титула White badge чие полагање беше во Лондон, предводена од најеминентните личности од тениското судење во тоа време: M.Morrissey, N.Peick и E.Molina. Од тој момент тој учествуваше на многубројни тениски настани:

Тој им ја делел правдата на многубројните врвни играчи од типот на:


Андре Агаси е поранешен светски број 1 професионален тенисер кој освои осум гренд слем турнири и олимписко злато во поединечна конкуренција. Од страна на критичарите и играчите се смета дека е еден од најголемите тенисери на сите времиња, како најдобар ретернер во историјата на тенисот.Познат по неговата необична облека и став, Агаси претставува една од најпознатите харизматични фигури во историјата на играта, и е заслужен за помагање на заживување на популарноста на тенисот.Агаси заработил повеќе од УС $ 30 милиони како награда за време на неговата кариера. Тој, исто така заработил повеќе од УС $ 25 милиони годишно како резултат на спонзорства.


Џејмс Блејк е професионален тенисер (највисок 4 ранкинг во свет) и е познат по својот брз и моќен рамен форхенд. Од неговата кариера го карактеризираме финалето на 2006 Тенис Мастерс Купот и четврт-финалето на Австралија опен (2008) и на УС Опен (2005, 2006). Неговата заработка на одиграни турнири се движи околу УС $ 8 милиони.


Гилермо Кориа со прекар Ел МАГО (Волшебникот на шпански) е пензиониран професионален тенисер од Аргентина со најдобар ранкинг 3 во свет, кој најдобро е запаметен по поразот во финалето во 2004 год. на Роланд Гарос. Тој беше еден од најбрзите играчи на Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП), постојано покажувајќи одлични настапи на турнирите одржани на земјена подлога. Неговата заработка на одиграни турнири се движи околу УС $ 6 милиони.


Нашиот стручен тим се состои: